Инфлацијата во еврозоната се забрза минатиот месец, поддржувајќи го постепениот пристап на Европската централна банка за намалување на каматните стапки, без целосно да ги исфрли од колосек. Потрошувачките цени во декември 2024 година се зголемија за 2,4 проценти во однос на истиот месец претходната година и во однос на 2,2 проценти во ноември и се совпаѓаат со просечната проценка во анкетата на „Блумберг“. Зголемувањето во голема мера беше поттикнато од трошоците за енергија, кои се искачија за прв пат од јули, објави Евростат.
![](/data/images/2025-01-07/75502_inflacija-evrozona_iff.png?t=1736266341)
Базичната инфлација, која ги отстранува ваквите нестабилни компоненти, изнесуваше 2,7 проценти. Во услужниот сектор растот на цените се искачи до 4 проценти. Забрзувањето нема да биде изненадување за ЕЦБ, која постојано предупредуваше дека патот назад до целта од два процента ќе биде нерамен. Оттаму очекуваат да се достигне целта кон крајот на годината. Според очекувањата на „Блумберг економикс“ инфлацијата ќе се задржи на 2,4 проценти во јануари 2025 година.
ЕЦБ истовремено соопшти дека инфлациските очекувања на потрошувачите во еврозоната се зголемија во ноември. Се очекува зголемување на цените за 2,6 проценти во текот на следните 12 месеци, од 2,5 проценти во октомври, според новото месечно истражување меѓу домаќинствата објавено денеска во Франкфурт. Очекувањата за три години напред, исто така, се зголемија достигнувајќи 2,4 проценти – што е значително повисоко од целта на ЕЦБ од два процента.
Прочитај повеќе
![Инфлацијата во еврозоната забрзува-се чини дека ЕЦБ има недовршена работа](/data/images/2024-04-12/58616_ecb_kf.jpg)
Инфлацијата во еврозоната забрзува-се чини дека ЕЦБ има недовршена работа
Се очекува извештајот за еврозоната да покаже забрзување на инфлацијата во декември, главно поради очекуваниот зголемен раст на цените во големите економии во Европа
04.01.2025
![ЕЦБ може да почека за ново намалување на каматите](/data/images/2024-10-15/71366_418396406_kf.jpg)
ЕЦБ може да почека за ново намалување на каматите
Постојат ризици поради растот на цените на енергијата и депрецијација на еврото
28.12.2024
![Нема крај на растот на цените - индустриските производи во ноември поскапеле за 5,6 отсто](/data/images/2024-04-17/58863_depositphotos-2531231-l_kf.jpg)
Нема крај на растот на цените - индустриските производи во ноември поскапеле за 5,6 отсто
Најголемо зголемување на цените има кај енергијата, од дури 13,1 отсто. За една година фармацевтските производи поскапеле за 7,4 отсто, а прехранбените за 4,7 проценти.
27.12.2024
![Народна банка ја намали каматата на благајничките записи на 5,55 проценти](/data/images/2024-08-14/67627_narodna-banka-3_kf.jpg)
Народна банка ја намали каматата на благајничките записи на 5,55 проценти
Се намалуваат и каматните стапки на расположливите депозити за по 0,25 п.п.
18.12.2024
![Цените ги изедоа платите - со повеќе пари помалку купуваме](/data/images/2024-10-04/70730_depositphotos-587846506-l_kf.jpg)
Цените ги изедоа платите - со повеќе пари помалку купуваме
Просечното домаќинство троши околу 40 отсто од расположливиот доход на храна.
16.12.2024
![Не е чудно што се загрева инфлацијата во Македонија: Колку е поскапо сѐ?](/data/images/2024-11-19/73160_market-neradna-nedjelja-prodavnica-trgovina-bloomberg-adria_kf.jpg)
Не е чудно што се загрева инфлацијата во Македонија: Колку е поскапо сѐ?
Направивме анализа на движењето на цените на производите што влегуваат во структурата на индексот на трошоците на животот.
16.12.2024
Очекувањата за идниот развој на цените помагаат во обликувањето на инфлацијата, при што креаторите на политики сè уште бараат повеќе докази дека нивната цел ќе биде одржливо исполнета оваа година.
Со помош на Александар Вебер, „Блумберг“