Финансиската криза ја присилува Виена првпат по 13 години да ја зголеми цената на годишниот билет за јавен превоз, со што се укинува патувањето по цена од едно евро на ден за неограничено користење на автобусите, трамваите и подземната железница.
Од јануари, патниците во австриската престолнина ќе мора да плаќаат најмалку 461 евро (540 долари) за целогодишен билет, што претставува зголемување од 26 отсто во однос на сегашната цена од 365 евра, соопшти компанијата за јавен превоз „Винер линиен“ (Wiener Linien) во понеделникот.
И покрај корекцијата, што сепак ја прави Австрија една од најдостапните европски држави за превоз, ова претставува удар врз препознатливата политика на социјалдемократите, кои ја водат Виена од 1945 година.
Прочитај повеќе

Откажани концертите на Тејлор Свифт во Виена поради закана од терористички напад
Aвстриската полиција уапси две лица под сомнение дека планирале терористички напад.
08.08.2024

Градови со најдобар јавен транспорт во 2024 година
Спроведеното истражување е во неколку категории.
26.12.2024

Во развиените земји секој жител има велосипед, а во Македонија?
Македонија значително заостанува зад Европа кога станува збор за секојдневното користење велосипеди и тротинети наспроти моторни возила.
08.07.2025
Градот ја намали цената на годишната карта во 2012 година од 449 на 365 евра, со надеж дополнително да го зголеми користењето на јавниот превоз.
Цена на секојдневното возење со јавен транспорт
Годишниот билет во Виена и натаму ќе биде поевтин отколку во многу големи светски градови.
Годишна цена на билет во евра
Bloomberg
Минатата година речиси 1,3 милион жители на Виена, што претставува околу 65 отсто од населението на градот, поседувале годишен билет, вклучувајќи ги и студентските билети, што е раст од приближно 768.000 во 2012 година.
Општината најавува мерки за штедење за да го ограничи прогнозираниот буџетски дефицит од 3,8 милијарди евра годинава.
Според „Економист интелиџенс јунит“ (Economist Intelligence Unit), Виена годинава ја загуби позицијата на град со највисок квалитет на живот во светот во корист на Копенхаген. Организацијата како причина посочи зголемени безбедносни грижи, откако властите открија неколку планови за терористички напади.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...