Германската деловна доверба неочекувано падна, истакнувајќи ја кршливоста на планот на канцеларот Фридрих Мерц за враќање на растот во најголемата економија во Европа.
По четири месеци раст, индексот на очекувања од институтот „Ифо“ во септември падна на 89,7 од ревидираните 91,4 во август. Аналитичарите анкетирани од „Блумберг“ предвидоа зголемување на 92. Падна и мерачот на моменталните услови.
„Компаниите беа помалку задоволни од моменталното работење, додека нивните очекувања значително се влошија“, изјави денеска претседателот на „Ифо“, Клеменс Фуест. „Изгледите за економско закрепнување претрпеа пад.“
Прочитај повеќе

Приватниот сектор во еврозоната со најбрз раст во последниве 16 месеци
Приватниот сектор во еврозоната во септември забележа најсилен раст за 16 месеци, откако германските услуги го надоместија падот на активноста во Франција.
23.09.2025

Германските инвеститори пооптимистични, охрабрени од извозот
Довербата на инвеститорите во Германија во септември е повисока од тоа што се очекуваше, иако економијата и натаму се соочува со ризици од царини и структурни слабости.
16.09.2025

Германија нема брзо да се откаже од јагленот
Јагленот ќе остане дел од германската енергетика, барем додека не се обезбедат доволно гас и водород, порача Мерц, нагласувајќи ја сигурноста на снабдувањето.
11.09.2025

„Рајнметал“ ја отвора најголемата фабрика за артилериска муниција во Европа
„Рајнметал“ ја отвора најголемата фабрика за муниција во Европа бидејќи дискусиите за безбедносните гаранции за Украина се засилуваат, а Германија се подготвува за масовно проширување на својата војска.
27.08.2025

Бизнис-очекувањата во Германија на највисоко ниво од 2022 година по трговскиот договор со САД
Индексот на „Ифо“ покажа раст на очекувањата во Германија, но БДП падна за 0,3 отсто и канцеларот Мерц предупредува на структурна економска криза.
25.08.2025

Владата во Берлин се обидува да им стави крај на слабите резултати на Германија по две години намалување на производството. Иако е договорена широка шема за трошење со цел да се зајакне одбраната и да се модернизира инфраструктурата, компаниите повикаа на поголем напредок во други иницијативи, како што е ограничувањето на бирократијата.
ОЕЦД неделава малку ги намали своите прогнози за земјата, предвидувајќи дека бруто-домашниот производ во 2026 година ќе порасне за 1,1 отсто, по растот од 0,3 проценти што се предвидува за 2025 година. Водечките истражувачки институти во Германија утре треба да ја презентираат својата заедничка прогноза.
Со оглед на силната зависност од извозот, производствениот сектор на земјата е особено изложен на протекционизмот на американскиот претседател Доналд Трамп. Повеќето стоки од Европската Унија сега се соочуваат со царина од 15 проценти од другата страна на Атлантикот според договорот постигнат во јули.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...