Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, ја пофали Германија за конечното отворање на својот државен паричник.
„Фискалната политика ќе игра поподдржувачка улога во наредните години“, рече таа вчера во Вашингтон. „Ова е особено точно за земјите кои ќе ги зголемат своите инвестиции во одбраната, а тоа е секако случај - во голема мера - за Германија, каде што се во тек големи воени и инфраструктурни инвестиции, кои штотуку почнуваат да имаат влијание, но кои ќе се спроведуваат во текот на следните три години на многу значаен начин.“
„Германија го користи својот биланс на состојба и својот капацитет за позајмување“, рече Лагард, зборувајќи на маргините на годишните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Прочитај повеќе

Мерц повикува на создавање паневропска берза конкурентна на САД и Азија
Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика на создавање паневропска берза како дел од поширокиот напор за да им се помогне на компаниите да се справат со конкуренцијата од САД и од Азија.
16.10.2025

Германската индустриска криза се продлабочува – „Бош“ отпушта 13.000 работници
„Бош“ ќе укине 13.000 работни места, што е сигнал за длабока криза во германската автоиндустрија, која се бори со царини, високи трошоци и силна азиска конкуренција.
26.09.2025

Аналитичари: Економскиот раст во Германија нема да трае без суштински реформи
Германската економија се очекува да закрепне благодарение на брзата фискална експанзија, но тој поттик ќе биде привремен доколку владата не ги адресира основните проблеми, според водечките истражувачки институти во земјата.
25.09.2025

По неколкумесечен раст, германските деловни перспективи се влошуваат
Германската деловна доверба неочекувано падна, истакнувајќи ја кршливоста на планот на канцеларот Фридрих Мерц за враќање на растот во најголемата економија во Европа.
24.09.2025
Новиот канцелар Фридрих Мерц протурка значаен закон за трошење дури и пред да ја преземе функцијата, ослободувајќи ја моќта на федералниот биланс на состојба за трансформација на германската војска и обнова на нејзината инфраструктура.
„Германија - агент за промени - кој би помислил?“, рече Лагард.
Зборувајќи на истиот панел со шефицата на ЕЦБ, директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, исто така се расфрлаше со пофалби за најголемата економија во Европа.
„Мојата порака е: браво, браво, браво“, рече таа. „Бидејќи тоа што Германија го покажува е дека нерамнотежата може да се реши, тоа е прашање на волја - и главно политичка волја.“
Во текот на оваа недела Мерц повика на создавање на панеевропска берза како дел од поширокиот напор за помош на компаниите да се справат со конкуренцијата од САД и Азија.
„Кога го слушам германскиот канцелар како вели ‘ни треба во Европа една единствена берза, еден единствен надзор’ - тоа многу значи“, рече Лагард. „Сега како тоа ќе се материјализира, како ќе се случи, како ќе функционира, не знам“.