text size
Во периодот пред летните одмори живнува прометот во менувачниците во Македонија бидејќи граѓаните вообичаено купуваат претежно евра, но и други девизи за да располагаат со готовина при патувањата, без оглед на тоа што и во странство се повеќе се употребуваат и платежни картички. При тоа, некои внимаваат, но други не толку на девизниот курс по кој се купуваат евра во различни менувачници. Нашето истражување покажа дека вреди да се поминат неколку километри повеќе од една до друга менувачница, бидејќи конкуренцијата ги тера да нудат различни девизни курсеви.