text size
Светската економија во 2026 година е обликувана од две спротивни сили што дејствуваат истовремено, оценува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во јулското ажурирање на извештајот „Светски економски изгледи“ (World Economic Outlook). Од една страна е војната на Блискиот Исток, која создава негативен шок врз понудата, ги нарушува синџирите на снабдување, ги зголемува цените на енергентите и ја засилува инфлацијата. Од друга страна е глобалниот технолошки циклус, кој забрзува благодарение на напредокот и сè пошироката примена на вештачката интелигенција. Токму овие две сили, според ММФ, во моментов ја одредуваат динамиката на глобалниот економски раст, но нивното влијание не е еднакво кај сите земји.