text size
Најдоцна до среда за кога е закажана седница на владиниот Економски совет да се донесат мерки за ублажување на ударот кој високата цена на електричната енергија им го предизвика на компаниите, бара Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ). Тврдат дека ситуацијата е сериозна, а сите компании плаќаат за шест пати повисоки сметки за струја. Во прилог на тврдењата од комората акцентираат резултат од анкета на над 1.600 домашни компании кои купуваат струја на слободниот пазар кој биле прашани за мислење на 30 септември. Анкетата покажала дека компаниите се наоѓаат во исклучително тешка состојба. Изјавиле дека почнале да го намалуваат бројот на вработени, да го редуцираат производството, дел одлучиле и да ги затворат капацитетите.