text size
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2026 година, изнесуваше 48 733 денари. На годишно ниво растот изнесува 7,6 отсто, а на месечно ниво 0.5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Реалниот раст на просечната нето-плата во земјава на годишно ниво изнесува 4,8 отсто.
Најголемо зголемување на просечната плата во август споредено со август минатата година има во секторите снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината, за 11.9 отсто, административни и помошни услужни дејности за 10.7 отсто и преработувачката индустрија за 9.0 отсто.
Прочитај повеќе
Гевгеличанец и oхриѓанец лани заработиле над 4 милиони евра
Највисоката годишна бруто-плата изнесува 139,1 милион денари (2,2 милиони евра), додека највисоката дивиденда е 252,6 милиони денари (4,1 милиони евра), а највисоката капитална добивка е 164,2 милиони денари (2,7 милиони евра).
21.10.2026
Колку ќе плати македонски газда ако ви ја покачи платата за 6.000 денари?
Пресметката покажа дека благодарение на рамниот данок од 10 отсто за данокот на личен доход, како и истата стапка на социјални придонеси за сите работници, трошокот за работодавецот е ист сеедно колкава плата има работникот што добива зголемување.
23.09.2026
Просечната плата во финансискиот сектор се зголемила за 27 отсто за една година
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2026 година, изнесуваше 48 779 денари. Во однос на април 2025 година, просечната плата е зголемена за 7.3 отсто, објави Државниот завод за статистика.
23.06.2026
Ако не купите ништо друго, колку плати ви се потребни за стан во земјава?
Растот на цената на становите далеку го надминува растот на платите. Последниот достапен податок за просечната плата на државно ниво покажува дека номинално заклучно со октомври таа пораснала за 9,8 отсто на годишно ниво. Но растот на цените на недвижностите на годишно ниво во 2025 година надминува 20 отсто.
15.01.2026
Најголемо зголемување на просечната плата во август споредено со август минатата година има во секторите снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината, за 11.9 отсто, административни и помошни услужни дејности за 10.7 отсто и преработувачката индустрија за 9.0 отсто.
Според статистика, во 10 сектори во земјава се исплатуваат плати повисоки од просечната, а во девет сектори просечните нето плати се пониски од просекот на државно ниво.