text size
Има веројатност Европската централна банка (ЕЦБ) и во следниот период да продолжи со зголемувањето на каматите, но и веројатност за постепено намалување на билансот на ЕЦБ од декември, вели ексклузивно за „Блумберг Адрија“, гувернерката Анита Ангеловска Бежоска. Во коментарот веднаш по одлуката на ЕЦБ за повторно зголемување на каматната стапка од 0,75 процентни поени Ангеловска Бежоска вели дека затегнувањето треба да делува на побарувачката во европската економија, а преку тоа и на инфлацијата.