Македонија

Ангелоски избран за член на Генералниот совет на Светската коморска федерација

Извор: МИА

24 декември 2022, 11:33

Ангажманот нуди можности за влез на нови инвестиции во земјата и регионот

Ангелоски е единствен претставник од регионот на Југоисточна Европа во Генералниот совет

Ангелоски избран за член на Генералниот совет на Светската коморска федерација

Блумберг Адрија

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ), Трајан Ангелоски е избран за член на Генералниот совет на Светската коморска федерација (ВЦФ), со седиште во Париз.

Како што соопштија од ССКМ, изборот бил направен по пат на електронско гласење од страна на стопанските комори од повеќе од 100 земји во светот.

Ангелоски по изборот истакна дека ангажманот во највисокото тело на Светската коморска федерација нуди можности за остварување на поблиски соработки за влез на нови инвестиции во земјата и регионот, изградба на сигурни партнерства за домашните деловни субјекти и вклучување во глобални иницијативи за развој на економијата.

„Интернационализација е тренд кој мора да се следи за да се постигне и одржи солиден раст и развој во бизнисите. Поради тоа како дел од Генералниот совет максимално ќе работиме на отворање на нови пазари за нашите компании, привлекување на странски инвестиции, јакнење на нашата економската позиција преку поврзување со другите комори и поддршка на микро, малите и средни компании. Со изборот во највисокото тело на Светската коморска организација покажуваме дека е препознаен нашиот капацитет за придонес кон стратегија за развој и зајакнување на нашата економија како дел од светската економија“, изјави Ангелоски.

Тој е единствен претставник на коморска организација од регионот на Југоисточна Европа во Генералниот совет, кој раководи со Федерацијата, каде членуваат и претставници на коморските организации од САД, Јапонија, Велика Британија, Турција, Индија, Италија, Германија, Франција, Канада, Данска, Бразил, Германија, Австрија.

„Светската коморска федерација како единствен глобален форум кој ги обединува стопанските комори од целиот свет, делува на зајакнување на врските меѓу коморите, но го претставува и гласот на бизнис заедницата во најрелевантните светски организации како Организацијата на обединети нации - ООН, Г20, Светската трговска организација, Светската банка, како и Европската банка за обнова и развој. Советот на Светската коморска федерација секоја година организира глобален годишен самит на различен континент. Оваа година настанот беше во Париз, а следната година во февруари ќе се одржи самит во Богота, Колумбиjа“, посочуваат од Сојузот на стопански комори на Македонија.

Аналитичарите се премислија, очекуваат повисока инфлација во Македонија
Македонија

Аналитичарите се премислија, очекуваат повисока инфлација во Македонија

Испитаниците посебно ја нагласуваат зголемената неизвесност од трговските политики како фактор што би можел да предизвика нагорни притисоци врз инфлацијата.

пред 49 минути

Автор: Владимир Николоски

Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

Аналитичарите се премислија, очекуваат повисока инфлација во Македонија
Македонија

Аналитичарите се премислија, очекуваат повисока инфлација во Македонија

Испитаниците посебно ја нагласуваат зголемената неизвесност од трговските политики како фактор што би можел да предизвика нагорни притисоци врз инфлацијата.

пред 49 минути

Автор: Владимир Николоски

Значителен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првиот квартал од 2025 година
Македонија

Значителен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првиот квартал од 2025 година

Цените на становите во Скопје вртоглаво растат во последниве две-три години, иако не е дека не се градат нови станови, па нема доволно понуда.

07.04.2025

Автор: Владимир Николоски

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите