text size
Владата да го либерализира увозот на работна сила од странство, со што на некаков начин ќе се ублажи хроничниот недостиг на работници во повеќе дејности во земјава, изјави Ангел Димитров, претседател на Собранието на Организацијата на работодавачи (ОРМ) при гостувањето на Блумберг Адрија ТВ. Димитров вели дека во 2022 година квотите за увоз на работници во Македонија се исцрпиле веќе во октомври, поради што како што вели, добро е да нема квоти или барем да се зголемат.