text size
Ќе се менува начинот на пресметка на данокот на моторни возила, дознава ексклузивно „Блумберг Адрија“. Ова како што велат нашите информации значи дека увозот ќе поскапи и годинава слично како и претходните две години, по 25 отсто. Уредбата за начинот на пресметка на данокот на моторни возила, ја подготвува Царинската управа, а оттаму за „Блумберг Адрија“ потврдија дека наскоро ќе има промени во согласност со европските стандарди, но не откриваат детали.