text size
Скопје се најде на второто место на листата дестинации што во изминативе пет години имаат најголем пораст на лица што работат од далечина или таканаречени дигитални номади. Дестинациите се рангирани според стапките на раст на пријавувањата од членовите на платформата „Номад“, која користи податоци во живо, односно 243.168 пријавувања од различни локации.