text size
Во декември 2022 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити оствари месечно и годишно зголемување од 0,03 процентни поени (п.п.) и 0,07 п.п. соодветно и изнесува 4,44 проценти, сопшти Народната банка. Оттаму информираат дека просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,86 проценти и бележи раст на месечна и на годишна основа од 0,09 п.п. и 0,12 п.п., соодветно.