Извозната структура на земјава е неповолна, а тоа се гледа од фактот дека извозот е висококонцентриран на мал број извозни производи, мал број извозни пазари и мал број извозни компании, вели во интервју за „Блумберг Адрија“, Билјана Пеева-Ѓуриќ, оперативна директорка и проект-менаџерка на проектот ПСРИСА на Стопанската комора на Северна Македонија.
Стопанската комора во партнерство со УСАИД го формира Националниот совет за извоз, што со низа активности треба да дејствува во насока системски да се подобрат состојбите и извозот во периодот што следува и да биде главниот мотор на економскиот раст.
Македонскиот извоз има многу системски проблеми, односно најголемиот број производи што се извезуваат се со ниска додадена вредност.
„Поразителните бројки што треба да се променат се тоа што 95 отсто од македонскиот извоз се пласира на само 25 пазари, првите топ 25 извозни производи учествуваат со 66 отсто во вкупниот извоз на земјата и од вкупно 3.500 извозни компании, во моментот само 450 извезуваат со вредност поголема од милион долари“, вели Пеева-Ѓуриќ.
Целиот разговор со неа погледнете го во видеото во рамките на објавата.