text size
Употребата на вештачка интелигенција од страна на банките сè повеќе ќе влијае на нивните кредитни рејтинзи во наредните години, соопшти „Стандард и Пурс“ (S&P Global Ratings) во понеделник.
Победниците и губитниците ќе бидат одредени од зрелоста на нивните стратегии за вештачка интелигенција и силата на рамките за управување, според компанијата за кредитни рејтинзи.
„Нееднаквото темпо на усвојување, зрелоста на управувањето и оперативната подготвеност сугерираат дека вештачката интелигенција сè повеќе ќе придонесува за зајакнување или слабеење“ на кредитната способност на финансиските институции во следните неколку години, соопшти „С и П“.
Прочитај повеќе
Ризикот од ВИ е насекаде, а фондовите тешки милијарди се загрижени поради тоа
Пензиските фондови и државните инвестициски фондови, кои располагаат со повеќе милијарди за инвестирање, откриваат дека диверзификацијата на која некогаш се потпирале претставува илузија.
пред 7 часа
Силните резултати и предупредувањата за ВИ ги оживеаја софтверските акции
Пресвртот на пазарот ја прекина популарната стратегија на купување акции на производители на чипови и обложување на пад на софтверските компании
18.09.2026
Кој е главниот виновник, вештачката интелигенција или луѓето?
Стравот од вештачката интелигенција веќе не е само научна дебата туку и реторика што се прелева од лабораториите во политиката и маркетингот. Од хакирањето на „Хагинг фејс“ до предлог-законите во Конгресот, паниката околу ВИ станува дел од јавниот наратив за иднината на технологијата.
18.09.2026
Нова верзија на ЧетГПТ им ги мати сметките на фриленсерите
На 3 септември „Опен еј-ај“ го претстави својот нов модел, ГПТ-6 Астра, кој во голема мера може да ја замени работата на креативците и дизајнерите.
17.09.2026
На форум во Шкотска се разговара за ВИ, кралот Чарлс бара да биде под силна контрола
Форумот за ВИ се одржува во време на засилена дебата за ризиците од технологијата, откако Дарио Амодеи повика на забавување на развојот на најнапредните модели.
17.09.2026
„Опен еј-ај“ откри нови случаи на „непослушна“ вештачка интелигенција
„Опен еј-ај“ обелодени низа досега непријавени случаи на несоодветно однесување на своите ВИ-модели.
17.09.2026
Околу 180 финансиски фирми ширум светот анкетирани од „Си П“ во јуни, очекуваат да намалат трошоци поради примената на ВИ и до четири отсто годинава, а до 6-8 отсто до 2028 година. Засега, околу 84 отсто од фирмите изјавиле дека користат вештачка интелигенција во функциите за поддршка и во автоматизацијата. Помалку од една третина изјавиле дека користат вештачка интелигенција за развој на нови производи и услуги, поради регулативата и ризиците по репутацијата.
„Нето кредитниот резултат помалку ќе зависи само од усвојувањето, а повеќе од тоа дали институциите можат да ги претворат тие трошковни ефикасности и дополнителни приходи во одржливи подобрувања на профитабилноста што генерираат конкурентска предност во однос на другите, а воедно одржуваат солидно управување со ризици“, изјави преку имејл Миријам Фернандез, раководител на истражувањето за усвојување на вештачката интелигенција.
-Со помош на Лора Нунан