text size
Народната банка останува посветена на исполнувањето на својата основна цел, обезбедувањето среднорочна ценовна стабилност. За таа намена, централната банка будно ја следи ситуацијата и ги презема сите потребни мерки за враќање на стапките на инфлација на два отсто на среден рок, порача гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ) во Вашингтон.