text size
Довербата на потрошувачите во еврозоната се приближи на најниското ниво, нерегистрирано од раните месеци на пандемијата, а клучна причина за тоа е што зголемената инфлација тежи на куповната моќ и домаќинствата се загрижени за ударните ефекти од руската војна во Украина. Месечниот мерач на Европската комисија (ЕК) покажа доверба кај потрошувачите од минус 23,6 во јуни, што е помала доверба од таа во мај кога стапката беше негативни -21,1. Инаку просечната проценка на економистите од Блумберг беше дека довербата ќе се одржи на -20,5.