text size
Советoт на Народната банка донесе одлука за воведување макропрудентни мерки за квалитетот на кредитната побарувачка, согласно со европската практика. Согласно со Законот за финансиска стабилност којшто стапи на сила минатата година, во декември 2022 година, Советот усвои одлука со која се воведоа макропрудентните инструменти за квалитетот на кредитната побарувачка, односно прецизно се определи методологијата за пресметување на показателите преку кои се следи способноста на физичкото лице да ги отплаќа месечните обврски врз основа на кредити, како и соодносот помеѓу износот на кредит и вредноста на заложениот недвижен имот.