Министерот за финансии Фатмир Бесими апелира што поскоро да се изгласаат законите од даночната реформа, кои инаку се во собраниска процедура, нагласувајќи дека Владата не се откажала од данокот на солидарност.
„Законите се во Собранието и апелирам уште еднаш сите закони што се во делот на даночната реформа што поскоро да се изгласаат, зашто веќе ги поминале сите страни на инклузивна дебата со сите чинители во општеството, стопанските комори, со академската заедница, со политичките партии и едноставно таа дебата треба да продолжи, а не да стои во Собранието. Треба да почне што побрзо. Како што денеска во Собрание конечно по неколку месеци се очекува да се изгласа заемот од 100 милиони евра од ЕИБ (Европска инвестициска банка), обезбеден за стопанството, директно за фирмите што дополнително ќе имаат поддршка за економскиот раст, така и овие закони. Треба да се донесе и сетот на даночните реформи, кој е дел од препораките што ни ги даваат и во извештајот за прогрес на Европската Унија и економско-социјалниот дијалог во Европската комисија во Брисел“, потенцираше Бесими, одговарајќи на новинарски прашања за време на денешниот економски форум на темата „Парафискални давачки - мало делче во сложувалката на конкурентноста“.
Според него, важно е тоа што е веќе влезено во собраниска процедура што поскоро да се заврши за да се реализираат проектите предвидени во буџетот.
Прочитај повеќе
Истече рокот за плаќање солидарен данок, државата собра нула денари
Државата до вчера требаше да собере 80 милиони евра од данокот на солидарност.
01.06.2023