text size
Што се случи во Русија за време на викендот? Евгениј Пригожин тргна на Москва, стигна на 200 километри од руската престолнина, па по разговорите со стариот пријател на Путин, белорускиот претседател Александар Лукашенко, се врати назад. Сега остануваат многу отворени прашања, но тие нема да бидат одговорени баш денеска, затоа што во Москва денеска е неработен ден.