text size
Неколку стотици семејни куќи и станови што биле предмет на заплена по основа на ненаплатени кредити нудат на продажба во моментов македонските банки. Нашата анализа на огласите за продажба на имот на банките покажа дека речиси нема град во Македонија каде што банките не заплениле станбен недвижен имот или, пак, тој е предмет на присилна наплата. На продажба се нудат куќи вредни и повеќе од 500.000 евра, но има и трошни имоти од кои банките очигледно не можат да се ослободат. Огласите откриваат и драстични разлики во цените на квадрат станбена површина, кои освен од состојбата на живеалиштата, главно зависат од местоположбата односно градот во кој се наоѓаат.