text size
Во второто тримесечје од 2022 година цените на становите оствариле годишен раст од 16,5 проценти, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Станува збор за рекорден раст на цените којшто не се случил во изминатава деценија. Со тоа продолжува трендот на континуирано уривање на границите на поскапување на становите што започна минатата година. Имено, во четвртото тримесечје од 2021 година растот изнесуваше 11,4 проценти, а во првото тримесечје од годинава 12,5 проценти.