text size
Одлука за новата цена на парното греење во Скопје ќе се определи откако ќе се санира мостот „Беласица“ и ќе се постават нови цевки за да може да се користи енергијата од ТЕ-ТО, која е поевтина од другите топлани. Претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски, вели дека нема да се дозволи граѓаните да плаќаат повисока цена поради тоа што институциите не си ја завршиле работата.