text size
Владата нa денешната седница, на предлог на Министерството за финансии, го усвои предлог-буџетот за 2024 година. Вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 310,1 милијарди денари (31,6 проценти од БДП) или околу пет милијарди евра и истите се за 10 проценти повисоки во однос на 2023 година. Расходите се планирани на ниво од 343,6 милијарди денари или околу 5,5 милијарди евра, што е 35 проценти од БДП и за 5,8 проценти повисоко во однос на 2023 година.