text size
Во рамки на настанот за финансиска едукација во организација на Министерството за финансии на Холандија и ИНФЕ-ОЕЦД на кој учествува и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска била организирана посебна сесија со прашања и одговори со холандската кралица Максима. На средбата, како што информираат денеска од Народната банка, се дискутирало за важноста на финансиската писменост за финансиското здравје на секој поединец. За поголем прогрес потребни се напори од страна на носителите на политиките, но значајна улога имаат и самите финансиски институции даватели на финансиски услуги.