text size
Македонија има цел да ги намали емисиите на стакленички гасови за 82 отсто до 2030 година споредено со нивото од 1990 година. На овој начин се докажува посветеноста на земјата да ги почитува принципите на Парискиот договор и тоа претставува значителен чекор кон поодржлива, конкурентна и праведна иднина, рече министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање денеска, во рамки на климатскиот самит КОП28 кој што се одржува во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. Тој ја презентираше Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција на Северна Македонија.