text size
Лидерите на Г-7 се собраа во Франција со обемна агенда на Самитот што ги опфаќа мировниот договор меѓу САД и Иран, иднината на војната во Украина, ризиците од вештачката интелигенција за финансискиот сектор и обезбедувањето критични минерали. Додека Вашингтон и Техеран се обидуваат да го спроведат договорот и да го нормализираат сообраќајот низ Ормутскиот Теснец, европските сојузници бараат напредок и околу Украина, а економските теми сè повеќе се насочени кон ВИ и сигурноста на синџирите на снабдување.