text size
Во ноември 2023 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,48 проценти и бележи минимално месечно намалување од 0,01 п.п., додека на годишно ниво е зголемена за 1,07 п.п., соопшти Народната банка. Оттаму додаваат дека просечната каматна стапка на вкупните депозити оствари месечен и годишен раст од 0,07 п.п. и 0,97 п.п., соодветно и изнесува 1,74 проценти.