text size
Преку две аукции на државни хартии од вредност Владата завчера се задолжи за вкупен износ од 3,4 милијарди денари (56,6 милиони евра). На првата аукција се реализира вкупната понуда на 15-годишни државни обврзници на износ од околу милијарда денари (17,4 милиони евра) со каматна стапка од шест проценти. Банките станаа сопственици на 55,95 проценти од издадените обврзници, а во останатиот дел од 44,05 проценти инвестираа други клиенти.