text size
Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во јануари 2024 година, изнесува 550,6 милиони евра и бележи пад од 11,4 проценти во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 800,2 милиони евра, што е за 5,8 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во јануари 2024 година, изнесува 249,6 милиони евра. Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2024, изнесува 68,8 проценти.