text size
Поразителни податоци откри новата анализа за родовата структура на органите за управување во компаниите коишто котираат на Македонската берза. Според податоците од анализата, која ја изработи берзата, вкупниот број на членови во органите на управување во 89 компании коишто котираат на официјалниот пазар изнесувал 559, а од нив само 25,4 проценти се жени.