text size
Две милијарди денари за над 15.000 невработени лица се предвидени со годинашниот оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. Под мотото „Шанса за сите“, поддршката за отворање сопствен бизнис, како една од најбараните во оперативниот план, ќе опфати околу 2.000 лица.