За тоа како забавената економска активност влијае врз пензиските фондови во Македонија, свое мислење за Бумберг Адриа ТВ, даде даночниот експерт, Павле Гацов.
Во однос на фондовите кои се надвор од официјалниот државен пензиски фонд и кои капитално се финансираат, односно ги вложуваат собраните парични средства, Гацов рече:
„Со оглед на падот на светската економија и нивните пласмани, соодветно, не враќаат доволно принос за да имаат добра сметководствена единица. Затоа, ова ќе потрае додека трае и економската криза. Некое посериозно заздравување во овој дел очекуваме можеби од 2024 година“.
Тој даде осврт и за тоа како падот на германската економија ќе се одрази врз македонската.
„22 отсто од обемот на трговската размена се прави со Германија и сигурно рецесијата ќе влијае на македонските компании“, истакна Гацов.
Посочи дека ова особено се однесува на компаниите што се овде и работат во автомобилската индустрија, бидејќи главно извезуваат за Германија.