text size
Стабилноста на девизниот курс и покрај шоковите од невидени размери беше задржана, а нивото на девизните резерви во моментов е повисоко за близу 40 отсто во споредба со преткризниот период, информираа од Народната банка. По покана од Централната банка на Исланд и од престижниот американски универзитет „Нортвестерн“, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска го сподели искуството за успешното задржување на стабилноста на девизниот курс во македонската економија.