text size
Трошоците на животот во јули 2022 година се зголемиле за 16 проценти во однос на јули 2021 година, што е ново рекордно зголемување на стапката на инфлација во земјава која што во јуни изнесуваше 14,5 проценти. Државниот завод за статистика соопшти дека цените на мало во јули бележат зголемување од 14 проценти во однос на истиот месец, минатата година. Трошоците на животот во јули 2022 година, во однос на претходниот месец се зголемиле за 1,9 проценти, а цените на мало за 2,5 проценти.