text size
Владата да го укине Данокот на додадена вредност (ДДВ) кога станува збор за произведена електрична енергија од обновливи извори, предлага универзитетскиот професор Димитар Димитров во разговор за Блумберг Адриа. Според него, таквиот потег ќе ги поттикне домаќинствата да инсталираат повеќе фотоволтаици и на тој начин ќе се придонесе во еден дел за справување со енергетската криза.