Најновите трендови во однесувањето на потрошувачите и обидот да се изградат мостови меѓу традиционалните деловни модели и иднината што ја обликува технологијата се клучните приоритети во развојот на малопродажниот сектор во Македонија, но и регионално. Во ова време интеграцијата на финтек-индустријата и малопродажниот сектор се забрзува, отворајќи нови можности за финансирање и лојалност на клиентите. Генерацијата зед носи нови предизвици, а, клучно, нужна последица всушност ќе биде персонализација на потрошувачите преку технологија и податоци, што од друга страна гарантира и зголемена конкурентност.
Одговорите за влијанието на новите ветрови во малопродажбата ќе ги дефинираат основите за новите предизвици во овој сектор. Иако можностите се огромни, вистинската реакција во овој момент е клучна, па затоа сите чинители се повикани да дејствуваат. За можностите и главните модалитети на идните поместувања ќе се дискутира на конференцијата на „Блумберг Адрија“ во Скопје - „Потрошувачки трендови“, која ќе се одржи на 4 јуни во хотелот „Мериот“.
Овој настан ќе биде поттик за размена на искуства и визии. Во време на брзи промени ваквите платформи се клучни за разбирање на насоката во која се движи пазарот – и како компаниите можат да останат чекор пред него. Конференцијата ќе ги обедини водечките имиња од светот на малопродажбата, финансиите, телекомуникациите и дигиталната трансформација.
Михаел Блажековиќ, тим-лидер на аналитика во „Блумберг Адрија“, ќе презентира ексклузивна анализа за потрошувачката и економските движења во регионот. Презентацијата ќе понуди увид во тоа дали македонската економија и понатаму ќе се потпира на приватната потрошувачка, какви се трендовите во трошењето и какви сигнали испраќаат податоците, но и за тоа дали има простор за посилен раст преку домашната потрошувачка.
Промо
Конференцијата ќе биде отворена со интервју на сцената со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој треба да ја потенцира позиционираноста на државата во однос на важноста на дигиталната трансформација како двигател на економскиот развој. Дали визијата за Македонија до 2030 година значи дигитално поврзано, иновативно и потрошувачки ориентирано општество или сепак реалноста води во друга насока? Релевантни соговорници ќе учествуваат на двата панела што ќе следуваат - првиот „Глобални предизвици во потрошувачката: Решенија и стратегии за одржливост“ и вториот, „Дигитална трансформација: Избори, влијание и нови можности“.
Учеството на конференцијата е бесплатно, но со ограничен број места, а интересот од страна на бизнис-заедницата е голем. Пријавите се во тек и се можни на линкот, на кој има детали и за сите учесници на конференцијата.
„’Блумберг Адрија’ веќе три години е присутна во Македонија и докажавме дека сме на вистинската патека да направиме разлика. Како прва регионална мултиплатформска мрежа за деловни вести во Југоисточна Европа, нашата мисија е да понудиме длабински анализи и информации релевантни за носителите на одлуки и бизнис-заедницата“, вели главната уредничка на „Блумберг бизнисвик Адрија“, Александра Томиќ, која ќе ја отвори конференцијата. „Овој настан е уште еден чекор понатаму“.
Поддршка на конференцијата даваат:
Сребрени партнери: „Еуролинк осигурување“ и „Тинекс“.
Партнери: „Шпаркасе банка“, НЛБ банка, А1 Македонија, „Специјал“, „Мтел“ и „Божиновски часовници и накит“.