text size
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги извести заинтересираните апликанти по мерката 3 од ИПАРД 2 програмата, дека по укажување на Телото за управување со ИПАРД преку одржаните информативни состаноци, за 15 дена се продолжува рокот за аплицирање на јавниот повик за мерката 3 од ИПАРД 2 програмата. Новиот краен рок за аплицирање по оваа мерка сега е 21 септември 2022 година.