Во август 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,90 проценти и е намалена за 0,01 п.п. и 0,54 п.п. на месечна и на годишна основа, соодветно, соопшти Народната банка. Просечната каматна стапка на вкупните депозити бележи месечен пад од 0,02 п.п., при годишен раст од 0,23 п.п. и изнесува 2,19 проценти.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во август, е повисока за 0,06 п.п. на месечна основа и изнесува 4,48 проценти, додека на годишна основа е намалена за 0,56 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,06 проценти и оствари месечен и годишен пад од 0,29 п.п. и 0,37 п.п., соодветно.
Во август 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,52 проценти и е намалена за 0,02 п.п. на месечна основа.
Прочитај повеќе
Од 1 декември полесни кредитни услови за купување прво живеалиште
Народната банка усвои мерки со кои од декември прв стан ќе се купува по олеснети услови, додека тие што веќе имаат дом ќе подлежат на построги услови за купување.
15.09.2025

ЕЦБ ја задржa каматната стапка на два процента
Креаторите на политиките не понудија насоки за идните чекори, продолжувајќи да нагласуваат дека ќе дејствуваат состанок по состанок врз основа на дојдовните податоци.
11.09.2025
„Месечниот пад се должи на пониските каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,04 и 0,03 п.п., соодветно), во услови на раст на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,23 п.п.). На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,68 п.п“, информираат од Народната банка.
Овој месец, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,11 п.п. во споредба со претходниот месец и изнесува 4,33 проценти. Притоа, растот е резултат на повисоките каматни стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,19 п.п. и 0,14 п.п., соодветно), додека каматните стапки на кредитите во странска валута се намалени (за 0,31 п.п.). Анализирано на годишно ниво, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор бележи пад од 0,57 п.п.
Во август, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор оствари месечен пад од 0,13 п.п. и изнесува 2,53 проценти. Надолната промена се должи на намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,13 п.п. и 0,10 п.п., соодветно), во услови на непроменети каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула. Во споредба со август претходната година, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,33 п.п.
Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор, овој месец, изнесува 1,86 проценти и забележа месечно намалување од 0,53 п.п. Притоа, падот произлегува од пониските каматни стапки на депозитите во странска валута и каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 1,08 п.п. и 0,31 п.п., соодветно). Во август, банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. На годишна основа, оваа каматна стапка бележи пад за 0,13 п.п.
Во август 2025 година, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата оствари пад од 0,01 п.п. на месечна основа и изнесува 5,27 проценти. Промената во целостсе должи на намалените каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,03 п.п.), додека каматните стапки на останатите категории кредити се непроменети. Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е пониска за 0,39 п.п. на годишна основа.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, овој месец, изнесува 4,68 проценти и е зголемена за 0,01 п.п. на месечно ниво. Месечната промена е резултат на повисоките каматни стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,07 п.п.), во услови на пад на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за0,02 п.п. и 0,01 п.п., соодветно). Оваа каматна стапка е пониска за 0,60 п.п. на годишно ниво.
Во август, кај каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е забележан месечен пад од 0,01 п.п. и изнесува 2,14проценти. Притоа, падот произлегува од намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,02 п.п.), во услови на раст на каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,01 п.п.) и непроменети каматни стапки на депозитите во странска валута. Споредено со август претходната година, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е зголемена за 0,21 п.п.
Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, во август, изнесува 2,18 проценти и бележи пад од 0,15 п.п. на месечна основа. Надолната промена се должи на падот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,14 п.п. и 0,06 п.п., соодветно). Овој месец, кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Годишниот пад на оваа каматна стапка изнесува 0,58 п.п.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...