text size
Само 25 проценти од македонските возачи би се префрлиле на целосно електричен автомобил, 23 проценти би го сториле тоа во зависност од развојот на инфраструктурата, а преостанатите 52 проценти воопшто не би се префрлиле на возила со електричен погон. Ова се резултатите од анкетата што ја спроведе „Блумберг Адрија“ на Линкдин во текот на два работни дена во изминатата недела.