Лани во буџетот се слеале 4,426 милијарди евра од даноци и социјални придонеси, што е за 308,3 милиони евра повеќе во споредба со 2024 година, информираат од Управата за јавни приходи (УЈП).
„Од вкупниот износ, даночните приходи изнесуваат 2,33 милјарди евра, при што е остварен раст од 7,5 отсто, односно 163,2 милиони евра повеќе од лани. Порастот е континуиран во текот на целата година, со поизразено темпо во втората половина од 2025 година, кога е реализиран околу четири петтини од годишниот раст“, пишува во денешното соопштение од УЈП.
Оттаму посочуваат дека приходите од ДДВ се темелат на стабилен раст на наплатата на данокот платен за промет во земјата, при што во повеќе месеци е забележан пораст од 10 до 13 проценти во однос на истиот период претходната година.
Прочитај повеќе
Сѐ што треба да знаете за е-фактурата во Македонија
Следната година конечно ќе стартува проектот за е-фактура, а подготовките на даночните власти за воведување на системот се одвиваат според планот. Веќе на почетокот на следниот месец ќе бидат објавени апликативниот програмски интерфејс (API-Application Programming Interface) за компаниите и техничката спецификација за софтверот и ќе почне нивното тестирање.
26.12.2025
Плаќањето данок на капитални добивки од странство сведено на патриотизам?
Според евиденцијата на Народната банка, ниту едно физичко лице односно домаќинство во Македонија нема инвестициско портфолио во странство.
09.12.2025
Милионери на платен список: Кој во јули добил над 300.000 евра плата во Македонија?
Според податоците кои „Блумберг Адрија“ ги доби од Управата за јавни приходи највисоката плата изнесувала 19.935.728 денари (324.158 евра). Во топ три највисоките плати влегуваат и тие од близу 217.000 евра и 170.000 евра.
04.09.2025
„Кај данокот на добивка растот произлегува од аконтативното плаќање за 2025 година на повисока даночна основица, како и од зголемената наплата на задржан данок од дивиденди и други приходи исплатени кон странски основачи и партнери на компаниите, каде што е регистриран раст од над 30 проценти“, велат од УЈП.
Во делот на данокот на личен доход, најголемо учество има данокот на плати кој бележи стабилен месечен раст и вкупен пораст од над 10 отсто, а УЈП оценува дека висок раст е остварен и кај данокот на доходите од договорни услуги, земјоделство и самостојна дејност.
Кај социјалните придонеси се собрани 2,09 милијарди евра, што е 145,2 милиони евра повеќе од 2024 година, односно раст од 7,5 проценти.
„Овие резултати се должат на засилената навремена наплата на обврските со заедничка одговорност на даночните обврзници, раното интервенирање и доследната примена на законските мерки. Во 2026 година УЈП ќе продолжи со активности за ефикасно, правично и транспарентно собирање на јавните приходи“, пишува во соопштението од даночната управа.