Министерот за енергетика на САД, Крис Рајт го минимизираше влијанието што војната меѓу САД и Израел со Иран го има врз енергетските пазари, велејќи дека цените не се зголемиле доволно за да предизвикаат „значително намалување на побарувачката“.
„Пазарите прават тоа што пазарите го прават“, изјави Крис Рајт за време на обраќањето на конференцијата „ЦЕРА ВИК“ (CERAWeek by S&P Global) во Хјустон во понеделникот.
„Цените пораснаа за да испратат сигнал до сите што можат да произведат повеќе.“
Прочитај повеќе
Војната со Иран избриша 2,5 билиони долари од обврзниците, се повторува сликата од 2022 година
Пазарите на обврзници се соочуваат со најголем пад од 2022 година, бидејќи поскапата нафта ја забрзува инфлацијата и ги засилува очекувањата за нови зголемувања на каматите.
пред 7 часа
Мерки против ценовниот шок - Владата го намалува ДДВ за горивата
Без оваа интервенција во ДДВ, утре Регулаторната комисија за енергетика би донела одлука за зголемување на цената на дизелот од 10,5 денари за литар и тој би се продавал за 102,5 денари по литар. Бензините од 86,5 и 88,5 денари би поскапеле на 93 и 95 денари за литар.
22.03.2026
Енергетскиот шок од војната со Иран ги става под ризик некои од најголемите должници на ММФ
Конфликтот на Блискиот Исток предизвикува потреси низ земјите во развој, зголемувајќи ја веројатноста дека економиите во развој ќе побараат поголема помош од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
20.03.2026
МАЕ препорача работа оддома и користење јавен транспорт
Земјите потрошувачи на нафта можат да се справат со ценовниот шок предизвикан од конфликтот на Блискиот Исток со низа мерки за намалување на побарувачката, како работа оддома, соопшти Меѓународната агенција за енергија.
20.03.2026
Нагел: ЕЦБ може да ги покачи каматите уште на април
„Европската централна банка ќе треба да размисли за зголемување на каматните стапки уште следниот месец ако ценовните притисоци дополнително се засилат поради војната со Иран,“ изјави членот на Управниот совет Јоахим Нагел.
20.03.2026
Рајт одговараше на прашање за последиците од фактичкото затворање на Ормускиот теснец, клучен морски премин низ кој минува значителен дел од глобалните испораки на нафта и гас. Глобалниот бенчмарк Брент нагло порасна откако конфликтот избувна на 28 февруари, при што во одредени моменти се приближи до 120 долари за барел.
Рајт изјави дека речиси целосното затворање на Ормускиот теснец ќе биде привремено и посочи дека администрацијата на Доналд Трамп презела чекори, како што е укинување на дел од санкциите, за да се зголеми достапната понуда на сурова нафта.
„Ова е конфликт што едноставно не можевме повеќе да го одложуваме за некоја наредна администрација“, рече Рајт.