text size
На денешната седница на Федералните резерви на САД (ФЕД) фокусот нема да биде толку на одлуката за висината на каматната стапка за периодот до следната седница, туку од поголем интерес ќе биде т.н. „ФЕД дот плот“ (анг. Fed dot plot - графикон што ја евидентира проекцијата на секој функционер на ФЕД за клучната краткорочна каматна стапка), односно очекувањата на лидерите на централната банка за каматните стапки во наредните месеци. Ова е ставот на аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“ спроти состанокот на ФЕД, кој треба да се одржи денеска.