text size
Федералните резерви на САД (Фед) одлучија да не ја променат стапката на референтната камата и да ја задржат во опсег од 5,25 до 5,5 отсто, одлука што се очекуваше. Ова е највисоко ниво на основната камата во САД во последните 22 години, но на денешниот состанок сите членови на Федералниот комитет за отворен пазар едногласно одлучија да паузираат во промените на стапката.