text size
Околу 20 милиони домаќинства во САД се исклучени од мрежата за снабдување со електрична енергија. Тоа значи дека секое шесто семејство нема пари да ги плати сметките за струја. Овие податоци ги објави Националната асоцијација за енергетска помош (National Energy Assistance Directors Association -Neada), според која се работи за најлошата енергетска криза што е евидентирана до сега. Тоа се отсликува преку континуираниот раст на цената на струјата, главно поттикнат од зголемените трошоци за природниот гас.