Претседателот на Федералните резерви (Federal Reserve), Џером Пауел, успеа да го обедини длабоко поделениот комитет на креатори на политики околу намалување на каматните стапки, игнорирајќи го силниот политички притисок за да најде заедничка основа меѓу официјалните лица, од кои едни беа загрижени за слабеењето на пазарот на трудот, а други за упорните инфлациски притисоци.
Намалувањето од четвртина поен — првото намалување годинава — дојде по значително забавување на растот на вработувањето и невидена офанзива од Белата куќа за многу пониски стапки. Но, со тоа што ефектите од тарифите врз инфлацијата сè уште се неизвесни, Пауел јасно стави до знаење дека претставниците на Фед ќе се соочат со тешки компромиси во следните месеци додека ќе разгледуваат дали да продолжат со нови намалувања.
„Тешко е да се знае што е правилно да се направи,“ изјави Пауел во средата, откако официјалните лица со 11 спрема 1 гласаа за намалување на целниот опсег на федералната фондовска стапка на 4 до 4,25 отсто. „Сега нема пат без ризик.“
Прочитај повеќе

Фед ги намали каматите, НБРМ не ги промени поради високата инфлација - пет вести
Добро утро, ова е изборот на дигиталната редакција на „Блумберг Адрија“ на најважни вести за почеток на денот.
пред 2 часа

Фед ја намали референтната каматна стапка
Федералните резерви ја намалија својата референтна каматна стапка за прв пат од декември 2024 година, но се чини дека администрацијата на Трамп не е задоволна - тие очекуваа поголемо намалување.
пред 10 часа

Намалувањето на каматната стапка во САД ќе означи пресврт на пазарот на трудот
Се очекува функционерите на Федералните резерви да го поддржат ослабениот американски пазар на труд со намалување на каматните стапки во среда, што ќе означи пресврт откако загриженоста околу инфлацијата предизвикана од царините ги држеше на исто ниво цела година.
17.09.2025

Судот го запре отпуштањето на Лиза Кук, „Алфабет“ надмина три трилиони долари - накратко од светот
Судот во Вашингтон потврди дека Кук може да продолжи да работи, додека нејзината тужба со која се оспорува одлуката на Доналд Трамп останува во сила.
16.09.2025

Анкета: Акциите од S&P 500 на пат кон раст до крајот на 2025 година
Анкета на „Маркетс пулс“ покажува дека две третини од испитаниците сметаат дека S&P 500 ќе расте до крајот на годината, потпирајќи се на очекуваните потези на Фед со нови намалувања на каматите.
11.09.2025
Одлуката за намалување на стапките беше речиси едногласна, при што единственото несогласување дојде од гувернерот на Фед, Стивен Миран, близок сојузник на Доналд Трамп, кој се залагаше за поголемо намалување. Гувернерите на Фед, Кристофер Велер и Мишел Боуман, кои во јули се спротивставија во корист на намалување на стапките, ја поддржаа сега донесената мерка.
Добивањето толкава согласност беше победа за Пауел, кој во последните месеци како претседател на Фед се обидува да ја заштити независноста на институцијата од најголемата закана во последниве децении. Но, новите проекции објавени во средата покажаа дека креаторите на политики и понатаму остануваат поделени околу идниот пат на каматните стапки.
Според средната проекција, во 2025 година се очекуваат уште две намалувања на каматите, едно повеќе од прогнозите во јуни. Сепак, шестмина претставници на Фед предвидоа дека оваа година нема да има дополнителни намалувања, што укажува дека дел од нив и натаму се длабоко загрижени за инфлацијата.
Еден член на комитетот дури сметал дека стапките требало да останат непроменети не само во средата, туку и до крајот на годината. На спротивниот крај, друг претставник на Фед прогнозирал дека референтната стапка треба да се намали за уште 125 базични поени до декември.
„Сите , освен еден, беа подготвени да прифатат намалување од 25 базични поени денес. Но, колку повеќе се намалуваат стапките, толку погласни ќе стануваат јастребите (оние кои се залагаат за построга политика) во ФЕД, бидејќи инфлацијата нема лесно да се расчисти,“ изјави Адитија Баве, главен економист за САД во „БофА Секјуритис“ (BofA Securities).
Пауел призна дека работата на Фед ќе стане потешка. Досега, силниот пазар на труд им овозможуваше на претставниците да останат претпазливи кон инфлацијата предизвикана од тарифите. Но, откако последните извештаи покажаа дека вработувањето нагло забавува, фокусот на креаторите на политики сè повеќе е за одржување на стабилна вработеност.
„Сега одлуката е потешка, затоа што и двете страни од мандатот се доведени во прашање,“ изјави Стефани Рот, главен економист во „Волф Рисрч“ (Wolfe Research LLC). „Преголемо поместување во која било насока би можело значително да ја наруши другата страна од мандатот.“
Обединувањето на комитетот доби уште поголемо значење поради политичките турбуленции во работата на Фед оваа недела. Стивен Миран, кој е на неплатено отсуство од функцијата претседател на Советот на економски советници на Белата куќа, вчера беше официјално назначен за член на Управниот одбор на Фед, откако Сенатот го забрза гласањето за неговото именување, што му овозможи да присуствува на состанокот.
Истовремено, учеството на гувернерката на Фед, Лиса Кук, не беше извесно до последен момент. Таа води правна битка за да остане на функцијата, откако Трамп се обиде да ја разреши врз основа на непотврдени обвиненија за измама со хипотека. Судската одлука донесена доцна во понеделникот ѝ овозможи да биде дел од состанокот.
Што велат од „Блумберг Економикс“ (Bloomberg Economics):
„ФЕД донесе превентивно намалување од 25 базични поени, но ажурираниот графикон со проекции покажа поделби во комитетот, бидејќи предвидува дополнителни намалувања на каматите, додека истовремено се подобруваат прогнозите за растот и вработувањето. Се чини дека приодот на ФЕД се насочи во попустлива насока.“
— Ана Вонг, Елиза Вингер и Стјуарт Пол, економисти
Притиснат со повеќе прашања од новинарите за политичките закани со кои се соочува институцијата, Пауел инсистираше дека официјалните лица носат одлуки врз основа на економските податоци и во најдобар интерес на јавноста.
„Цврсто сме посветени на одржување на нашата независност,“ изјави Пауел на почетокот од прес-конференцијата.
Тој повторно одби да каже дали ќе се повлече од Управниот одбор на ФЕД по завршувањето на неговиот мандат како претседател во мај. Белата куќа во моментов интервјуира кандидати за негов наследник и планира да донесе одлука во наредните месеци.
На прашањето за Миран, Пауел нагласи дека влијанието на поединец во ФЕД е ограничено, бидејќи за носење одлуки е потребна поширока поддршка.
„Во процесот учествуваат 19 членови, од кои 12 гласаат на ротирачка основа,“ рече тој. „Единствениот начин некој гласач навистина да направи разлика е ако успее да биде исклучително убедлив.“
Тоа очигледно не беше случај со Миран, што, како што изгледаше, му даде извесна сигурност на Пауел.
„Ќе видите дека постојат различни мислења за тоа што треба да се направи,“ изјави Пауел. „Сепак, денес на состанокот настапивме обединето и делувавме со високо ниво на единство.“
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...