text size
Најновиот извештај на „Дилојт“ (Deloitte) за технолошки трендови во 2026 година ни вели дека светот забрзано се движи кон „физичка вештачка интелигенција“. Во суштина, пораката е следна: „вештачката интелигенција ги напушти екраните и влезе во машините, до каде сте и дали сте подготвени“? Оваа „физичка интелигенција“ не е иднината, туку оперативната реалност и срцето на Индустрија 4.0, во која развиените економии победуваат, а за Западен Балкан, ситуацијата е алармантна: без итна консолидација на фрагментираните иницијативи за поддршка и фокусирани инвестиции во инфраструктура за поддршка, регионот ќе (о)стане случаен набљудувач на технолошката револуција што се случува на неговите граници.