Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) малку ги зголеми своите прогнози за глобалниот раст оваа година, но предупреди дека загриженоста за меурот на вештачката интелигенција (ВИ), како и за трговските и геополитичките тензии, остануваат ризици за светската економија.
Кредиторот со седиште во Вашингтон сега очекува глобален раст од 3,3 проценти за 2026 година, што е подобрување во однос на октомвриските проекции за раст од 3,1 отсто, покажува извештајот за светските економски перспективи објавен денеска. Проценката за 2027 година останува непроменета и изнесува 3,2 отсто.
Некои од факторите што ја одржуваат светската економија стабилна, како бумот на вештачката интелигенција што го поттикнува берзата и релативното ублажување на трговските тензии, истовремено би можеле да станат предизвици ако се случи пресврт, соопшти ММФ.
Прочитај повеќе
ММФ гледа „значителни“ ризици за глобалниот раст поради судирот меѓу САД и Кина
ММФ стравува дека новите царини и нарушувањата во синџирите на снабдување поради судирот САД–Кина би можеле да го забават глобалниот раст и да ги зголемат ризиците.
17.10.2025
ММФ: Иселувањето разорно за производството во Македонија, потребна е итна акција
Иако има одредено подобрување, резултатите на пазарот на трудот во Македонија заостануваат во однос на другите земји од Западен Балкан и останува значителниот јаз со ЕУ, посочува ММФ во својот извештај за земјава.
17.07.2025
ММФ предупредува: Еврозоната се соочува со стагнација
Трговските тензии и слабата побарувачка го задушуваат економскиот замав
20.06.2025
Светската банка ја задржа прогнозата за економски раст на Македонија на три проценти
Во најновиот извештај за глобалните економски перспективи објавен во средата институцијата наведе дека се очекува економијата на земјата да продолжи по умерен и стабилен пат на раст.
15.01.2026
„И натаму останува нервозата дека економијата е предмет на потенцијално големи шокови што можеби нема да имаат само моментален ефект, а би можеле да се зголемат со текот на времето“, изјави главниот економист на ММФ, Пјер-Оливие Гуринчас. Тој додаде дека глобалната економија успеала да се прилагоди, но неизвесноста останува зголемена.
Во својот извештај како двигател на растот ММФ го истакна порастот на трошењето за технологија како што е вештачката интелигенција, особено во Северна Америка и Азија. Меѓутоа, ако очекуваните зголемувања на продуктивноста од новата технологија не се остварат, тоа би можело да предизвика „остар“ пад на пазарите што би можел да се прошири на други сектори и да го еродира богатството на домаќинствата, соопшти фондот.
„Глобалниот раст беше импресивно отпорен во услови на трговски нарушувања, но тоа ја прикрива основната кревкост поврзани со концентрацијата на инвестициите во технолошкиот сектор“, рекоа Гуринчас и Тобијас Адријан од ММФ во блог пост. „Инвестициите управувани од ВИ нудат трансформациски потенцијал, но исто така воведуваат финансиски и структурни ризици што бараат внимателност.“
ММФ изјави дека се очекува влијанието од царините и неизвесноста да исчезне оваа и следната година, но би можеле да избувнат и нови трговски спорови и повеќе земји би можеле да усвојат „протекционистички став“. Тоа би можело да резултира со пониски маржи на профит за компаниите и продолжени притисоци врз цените.
Проекции за раст
ММФ ја следи Светската банка во зголемувањето на своите перспективи за светската економија, а проекциите на фондот се и пооптимистички. Минатата недела Светската банка прогнозираше глобален раст од 2,6 проценти за 2026 година.
За САД, ММФ предвидува раст од 2,4 проценти во 2026 година, што исто така е подобро во споредба со проектираните 2,1 отсто во октомври. Растот е поддржан од фискалната политика и пониската каматна стапка. Сепак, се очекува тој да забави на два отсто во 2027 година.
За еврозоната ММФ проектира раст од 1,3 отсто годинава, додека за Кина 4,5 проценти.