text size
Светската банка ја задржа својата прогноза за економскиот раст на Македонија на три проценти во 2026 година, што е на исто ниво како и во октомвриската проекција и за 0,3 процентни поени повисоко од проценката објавена минатиот јуни. Во најновиот извештај за глобалните економски перспективи објавен во средата институцијата наведе дека се очекува економијата на земјата да продолжи по умерен и стабилен пат на раст.